
Во студиото на ИН Продукција деновиве беше промовирана првата песна од Дани Даниела, која носи наслов “После тебе”. Дани се надева дека песната ќе им се допадне и на помладата, но и на повозрасната публика.
Дани Даниела ја промовираше првата нејзина песна. Станува збор за песната со наслов “После тебе”, за која што музиката и аранжманот ги направи Славко Ристески од Просаунд студио, а текстот е дело на Љупчо Василевски.
-Па се надевам дека ќе има добар преглед видеото. Се надевам и дека ќе допре до помладата, но и повозрасната публика. Жива, весела е песната со брз ритам.-истакна младата пејачка при интервју за ИН ТВ.
Дани подолго време се занимава со пеење, а скоро шест години е женскиот вокал на групата Тик-так. Затоа, таа одлучи да направи и песна со којашто во иднина ќе стане препознатлива во јавноста.
-Затоа што беше време, бидејќи имам веќе работно искуство, доволно долго за да имам своја лична карта по која што би ме препознавал народот. Ја подготвував околу година и пол можеби или две.-додава таа, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Песната “После тебе”, Дани ја претстави деновиве во студиото на ИН Продукција, а за следниот период таа најавува уште една авторска песна.
Во продолжение погледнете го видеото !