“Слободно” е насловот на првата песна од Гордана Костоска

Please follow and like us:
Pin Share

Позната е по бројните настапи ширум целата земја, но и надвор од границите. Но овој пат, Гордана Костоска реши да сними и нејзина песна. Таа во ИН Продукција ја промовираше песната “Слободно”.

Прилепчанката Гордана Костоска во студиото на ИН Продукција ја претстави нејзината прва авторска песна која носи наслов “Слободно”. Како што истакна таа при интервјуто, станува збор за интересна песна во побрз ритам, за која што верува дека ќе и се допадне на публиката. Заедно со нејзиниот тим песната ја подготвувале подолг период, а одлучиле да ја претстават пред Новогодишните празници.

-Малку подолго од очекуваното. Планирано беше за летото да излезе таа песна меѓутоа поради работа и обврски надвор од земјата не стигнавме, па сега успеавме да направиме мала промоција пред Нова година. Очекувањата се да биде убаво прифатена од младата публика, а да им се допадне и на повозрасните.-вели Гордана за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Гордана вели дека тука не запира, а после ова нејзино првенче, таа за периодот кој следи најавува и една убава балада.

Please follow and like us:
Pin Share