
Со оглед на неговите големи работни ангажмани како и неговата бараност за настапи буквално насекаде,
фолк легендата на македонската музичка естрада Наум Петрески, посакува за новогодишните празници да биде дома. Неодамна Наум бележеше настап на “Роса Фест”, а во моментов е на кратка турнеја во Германија, но како што самиот вели, добро би било после долги години работа за новата година, барем оваа да ја мине во домашна атмосфера.
-Нова година уште немаме ништо, меѓутоа би сакал оваа Нова година дома да си ја поминам, со моите најмили, нормално, кратко истакнува Наум.
Инаку новитетите околу музичките негови реализации како што вели ќе ги помести по новогодишните празници, а сега во периодов кој следува ќе биде присутен на веќе најавените и резервирани музички настапи. Годинава кај Наум ќе остане запаметена и по неговата голема Австралиска турнеја која ја оствари во пролетниот дел, каде се бележеа бројни концерти во оваа далечна земја, како и по фактот што голем број од концертите веќе однапред беа распродадени.