
Од група Марифет се задоволни од коментарите на јавноста за нивното првенче, орото “Марифет Елено”. Тие велат дека добиле бројни позитивни коментари од колегите и музички соработници, како и од нивната публика.
Пред само неколку денови, беше промовиран првиот спот од група Марифет за орото “Марифет Елено”. При интервјуто за ИН ТВ тие истакнаа дека се презадоволни од првичните реакции и коментари кои ги добија од јавноста.
-Искрено, од името на целиот бенд морам да кажам дека крајниот резултат е одличен. Во секој случај добро спакувано, а и верувам дека така ќе мисли и публиката.-вели Кире, еден од членовите.
Импресиите од спотот и орото ги сподели и Тоде Илиевски, кој воедно им се заблагодари на сите присутни гости, блиски пријатели, колеги и музички соработници.
-Публиката беше воодушевена, имаше позитивни реакции. Пред се и јас сум задоволен, потоа мпите колеги од бендот исто се задоволни. Прифатеноста и одзивот на сето ова што го правиме ако го оценувам, ќе ставам десетка. Благодарност до сите наши колеги кои вечерва дојдоа, а и го очекував тоа од нашите колеги и музички соработници.-додава тој.
За потсетување, видеото кое беше во соработка со ИН Продукција, се снимаше на две локации во Прилеп и тоа во Пица-Ресторан “Лаки”, како и кај манастирот Св. Димитрија кој се наоѓа на Селечка планина во близина на селото Селце.