Тино комплетно се пронајде во македонската песна

Please follow and like us:
Pin Share

Од 2000-та  година не живее во Бугарија и се повеќе на големо ја промовира македонската песна, Тино,

особено последниве неколку години кога издаде и нов албум со македонски песни. Живеам во Лондон и имам голема причина да ја сакам македонската песна, со оглед на тоа што некако се пронајдов во таа музика, истакнува Тино.

-Мислам дека многу добро испадна првиот албум со македонски песни “Балкан”. Со Дејан честопати зборувавме дека како што тој може да пее на бугарски јазик, така и јас ќе можам да пеам на македонски јазик. Јазиците не  се многу различни , додава Тино

Особено Тино бележи и плодна музичка соработка со Далибор Ѓошиќ, познато име на македонската естрада, кој што се јавува како комплетен автор на неговата песна “Младост ќе ни помине”. Оваа песна силно допира до Тино и ја пее со голема доза на емоции. Од неодамна Тино е во блиска музичка соработка, со Дејан Добревски кој се јавува како негов менаџер.

Please follow and like us:
Pin Share