Борче Бегоски ќе продолжи со негување на изворната песна

Please follow and like us:
Pin Share

Деновиве ја претстави неговата прва преработка на песната “Лична Фатимо”. Борче Бегоски вели дека ќе продолжи да ја негува старата изворна музика.

Борче Бегоски најповеќе ја негува македонската изворна песна. Тој при интервјуто за ИН ТВ истакна дека и во иднина ќе продолжи во тој правец, а за следниот период најавува и авторска песна.

-Може нешто да се смени, но повеќе ја сакам изворната музика и песна.-вели младиот пејач.

-Веќе размислувам и за снимање на моја авторска песна. Да видиме како ќе се одвива самата работа, па се надеваме дека ќе има и авторска песна.-додава тој.

Инаку, Борче деновиве ја промовираше неговата прва преработка, а станува збор за стара изворна песна од Дебарскиот крај која носи наслов “Лична Фатимо”. Идејата за снимање на оваа песна е на познатиот радио водител од Австралија, Драган Ковачески, а истата е снимена во студиото на Славко, Про Саунд.

Please follow and like us:
Pin Share