Ќе ве наежи : Симона Поповска ја препеа “Паметна и луда” од Шерифовиќ

Please follow and like us:
Pin Share

Поп-пејачката Симона Поповска ја препеа хит-песната на Марија Шерифовиќ, „Паметна и луда“. Ова не е прв кавер на Симона, која досега има направено преработки на неколку странски хитови.

„Песната од Марија ми е една од омилените. Тоа е прв хит од овие простори што решив да го препеам. Песната во мене буди посебна емоција, па решив да ја донесам на мој начин“, вели Симона.

„Паметна и луда“ е снимена во соработка со Драган Ристовски, а е најава за следните проекти на Симона.

„Нема да запрам тука. Наскоро ќе има уште интересни проекти, кавери, но и соработки во кои искрено верувам“, додава атрактивната пејачка.

Поповска неодамна настапи на „Макфест“ со песната „Остани“, дело на авторите Горјан Стојановски, Елвир Мекиќ, Иван Јованов и Андреј Иваноски. Таа е активна и со свирки низ целата земја, каде што настапува со познатиот диџеј, Ерик Фокс.

Таа од неодамна има нов соработник кој ќе ја придружува на настапите, а станува збор за маестралниот Бока Конга.

Во продолжение погледнете ја изведбата на Симона која што ќе ве наежи !

Please follow and like us:
Pin Share