Џенифер Лопез го почести уредништвото на магазинот “In Style” и нивните читатели со интервју и фотосесија во која плени со својот сексапил и егзотична појава.

По тој повод Џеј Ло го облече провокативниот дизајн на зелен фустан со шљокици од „Версаче“ кој ја истакнува нејзината силуета и облини.
Нејзината убавина често е тема на дискусија, како и тоа дека игледа како времето да застанало.

-Не консумирам кофеин, не пијам алкохол и многу спијам. Се грижев за себе и тоа се гледа.– изјавила Лопез за “In Style”.

