
Љупчо Попоски долго време се занимава со творење македонска музика и има оставено траен белег во истата соработувајќи со бројни музички имиња од македонската естрада. Додека беше во родната Македонија тој
бележи голема музичка соработка но истото го прави и сега во далечната Австралија, каде живее и сеуште создава македонска музика. Како што вели и таму во оваа далечна земја постои интерес за создавање на македонска музика и на некој начин продолжување на традицијата.
-Свирам со австралијанци моментално. Имам две групи. Една е како трио, акустична. Свириме поп, рок, џез итн, модерен ритам. Засега е тоа. Снимам доста и со австралиски музичари , се надевавме овде да го донесиме тоа студио. Мојата желба е да си дојдам назад, но ситуацијата не го дозволува тоа, едноставно си заглавен. Австралија е многу далеку, но доаѓам секоја втора или трета година, додава Љупчо.
Како што вели низ разговорот Љупчо има голема желба која кај него трае од 93та година да се врати во родната земја, конкретно Охрид но поради семејните обврски кои ги има таму, неговите деца и внуци не го овозможуваат тоа.
