Во студиото на ИН Продукција гостуваше Тино, кој пред извесно време го промовираше албумот со македонски. Како што истакна тој при гостувањето, на албумот има 10 песни, од кои 5 забавни и народни. Во студиото на ИН, Тино промовираше две од нив, “Балкане” и “Душа имам голема”.

Познатиот пејач Тино, кој потекнува од Бугарија, а живее во Лондон, издаде албум со македонски песни. Тој во студиото на ИН Продукција промовираше две песни од цд-то, а станува збор за “Балкане”, песната којашто е носечка на албумот и “Душа имам голема”.
-Тука настапив со две песни, насловната “Балкане” и “Душа имам голема”. Сите песни кои што се на албумот се направени од Далибор Даки Ѓошиќ, на кој му се заблагодарувам за убавиот производ. Се што посакав, тој ми го понуди како да се знаеме сто години и сум презадоволен од тоа што го сработивме заедно.-истакна Тино.

Како што вели тој, песната “Балкане” ја претставува моменталната ситуација во Македонија и затоа се одлучил токму оваа песна да ја претстави на сателитската ИН ТВ.
-“Балкане” е песната за која што мислам дека ја претставувам во многу добар момент, сите знаеме дека имате проблем со името, па јас сум за поддршка бидејќи Македонија била..е.. и секогаш ќе ја има. Тоа е мојата поддршка како музичар, преку мојата песна ја давам поддршката кон Македонија и македонскиот народ. Без разлика на тоа што сум Бугарин, песната ја испеав со душа и срце и се доживувам како македонец.-вели тој.
Тој додава дека најбитно е гледачите да ја слушнат песната на ИН ТВ, која што се гледа во дијаспората, а таму според него живеат вистинските патриоти кои си ја сакаат својата родна земја.
