Дарко Стојаноски заминува на турнеја во Канада

Please follow and like us:
Pin Share

Со бројни хитовски рефрени минатата година фолк пејачот Дарко Стојаноски го издаде своето ново ЦД кое

носи наслов по неговата најбарана песна на сите веселби “Отвори порти невесто”. Неговото ЦД се состои од тринаесет песни од кои три се народни а сите останати се негови песни кои Дарко ги отпеал на повеќе фестивалски изданија во нашата земја. Она што е најново во периодо кој следи кај Дарко е неговата турнеја во Канада.

-За многу скоро на 31-ви заминувам за Канада, па задравје откако ќе се вратам има еден период во месеците февруари и март , нема свадби, тие почнуваатод април па ќе мора да се сработи некој спот или нова песна, истакнува Дарко.

Според очекувањата на Дарко од оваа турнеја , е убавиот помин и обостраното задоволство, како и фактот што наашинците во дијаспората се желни за македонската музика.

-Канада одам сам. На 3-ти  ќе го имам првиот настап по повод “Гоцеви денови ” и тамошното Друштво Обединети македонци ме поканија за на оваа прослава. Тоа се негува години наназад, додава Дарко.

Дарко во периодов кој следува најави снимање на нови видео записи и песни , кои ќе се најдат на неговото ново ЦД.

Please follow and like us:
Pin Share