Ице Атанасовски најавува цд и снимање видео проект

Please follow and like us:
Pin Share

Саксофонистот Ице Атанасовски подготвува ново цд. Тој открива дека сите песни од цд-то ќе добијат свое видео, односно планира комплетен видео проект со ИН Продукција.

Ице Атанасовски гостуваше во ИН Продукција при што откри дека подготвува ново цд. Саксофонистот најави дека за скоро време ќе следи и видео проект кој ќе биде во соработка со ИН Продукција.

-Ново кај мене е тоа што имам нов материјал, ново цд за кое потоа ќе следат и видео спотови. Тоа би било засега кратко, околу тој проект. Тоа се мои авторски дела, а нешто имам превземено од мојот татко кој истотака беше музичар. Ќе има осум, максимално до десет авторски дела.-вели Атанасовски.

Ице учествуваше и во Новогодишното шоу на ИН Продукција каде промовираше две музички дела.

-Едното е Андреј чочек” тоа е крстено по мојот син, а другото е Разиграна Циганчица. Тоа е еден материјал кој ќе имаат гледачите да го слушнат и сами ќе оценат дали и колку е добро.-додава тој.

 

Кога станува збор за настапи, Ице вели дека има голем број настапи во нашата земја, но често настапува и надвор од нашите граници. Тој неодамна имаше успешна турнеја во Швајцарија, каде настапуваше заедно со маестро Милан Завков, Бобан Мојсовски и Стојне Николова. За стара нова година, настапи во Германија, а за Водици беше во Словенија заедно со Марјан Коцев.

Please follow and like us:
Pin Share