Благица: Песните постанаа хитови бидејќи беа многу слушани, за разлика од денес

Please follow and like us:
Pin Share

Доста работно но и рекреативно, фолк дивата Благица Павлоска ја опишува изминатата година. Покрај фактот што Благица неколкуте години наназад своето живеалиште го има во Охрид, таа летниот период бележеше бројни настапи но и постојани дружења со новите жители , поточно соседи кои ги има во Лагадин , каде што живее.

-Минатото лето имав гости од Австралија ,имавме бурна турнеја, бевме на море, па во Берово, Бугарија, буквално каде што посакавме да одиме. Бидејќи ни беа гости па моравме да го удостоиме така како наши блиски пријатели . Инаку тие се познати во Австралија како група, рабтаат доста долги години, ништо ново нема да кажам, така што и кога одат наши музичари во оваа далечна земја, настапуваат со овој оркестар, истакнува Благица.

Минатата година Благица бележеше настапи и на голем број фестивалски изданија, покрај домашните така и надвор од нашата земја.

-Минатата година бевме на “Филиграни” пеев една романтична песна “Принц од бајките”, на “Роса” настапив , потоа настапи на “Охридски трубадури ”со песната “Виножито на небото” и сите тие композиции се лично мој. Во последно време сакам сама даа ги креирам моментите и песните, зошто така сум сигурна во она што веќе го правам. Зад мене имаммногу песни испеано и на некој начин сакам да бидаат различни од она што сум го имала, вели Благица.

Но, сепак таа самата свесно додава дека публиката се навраќа постојано на нејзините најголеми хитови, кои како што веи се постојани. Тие се многу слушани и едноставно се сродуваат со човекот, луѓето ги учат и текстот и мелодијата и затоа и ги паметат, вели Благица. Таа посебно ја истакнува негативната конотација на сегашните нови песни кои се многу помалку слушани за разлика од поранешните, бидејќи како што вели нема каде да се пласираат.

Please follow and like us:
Pin Share