“Невеста накитена” од Соња Динамит доби свој видео запис кој се снимаше на неколку локации во Охрид, а го изработи ИН Продукција.
Соња Динамит го промовира најновиот видео запис за песната “Невеста накитена”. Текстот за оваа песна е дело на Орце Зафировски, музиката е на познатиот саксофонист Зоран Стефаноски од Австралија, а аранжманот е на маестро Сашко Велков.
Пејачката која допатува специјално од Австралија за да ги сними новите песни и видеа тука во Македонија, вели дека е презадоволна пред се од соработката со Сашко Велков, како и со другите музички соработници, а се надева дека истата ќе продолжи и во иднина.
Снимањето на овој спот се одвиваше на прекрасни локации во Охрид, во соработка со ИН Продукција.
Во продолжение погледнете го видео записот !