Дуа Липа има најмнигу номинации на Британските музички награди. Познатата пејачка ќе се трка во пет категории, додека веднаш зад неа е Ед Ширан кој е номиниран во четири категории.
Познатата поп-пејачка Дуа Липа ја предводи листата со најмногу номинации на претстојните Британски музички награди. Таа ќе се трка во пет категории, а веднаш зад неа се наоѓа Ед Ширан со четири номинации .
Липа ќе се натпреварува против Џеси Вер, Кејт Темпер, Лаура Марлинг и Палома Фејт за најдобар британски женски соло-артист, а ги прославува номинациите за сингл, британскиот артист кој најбрзо се пробил, за албум на годината и за најдобро видео.
Ед Ширан ќе се натпреварува со Лиам Галагер, Лојл Карнер, Рагенбоун Мен и Стромзи за најдобар британски машки соло-артист. Тој е номиниран и во останатите три категории за најдобро видео, албум на годината и најдобар сингл. Британските музички награди ќе се одржат на 21 февруари во „О2 арената“ во Лондон.