“Не ме допирај” е насловена новата песна од нашата фолкерка Елена Јовческа за која деновиве во соработка со ИН продукција снимаше и спот. Помеѓу другото Елена најавува за многу брзо време снимање и на уште еден спот за нова песна која исто така ќе се најде на нејзиниот нов, петти по ред албум.

-Се спремам за нешто многу поголемо и еве денеска го реализиравме новиот спот за песната “Не ме допирај”а потоа следува уште еден спот кој што ќе се реализира задве недели, така што го реализирам моето петто ЦД. Минатата година веќе го најавив, меѓутоа решив да има малку повеќе песни, од вообичаените 8-10 песни. Овој пат на моето ЦД ќе се најдат 12 песни, затоа и малку почекав за да биде онака како што јас сакам да биде, истакнува Елена.

Новата песна од Елена “Не ме допирај” е во побрз ритам а како целосен автор на песната се јавува самата таа.

-“Не ме допирај” е песна која што сум комплетен автор јас, значи музика и текст, додека аранжманот е на Никола Кочанковски Кочан. Станува за малку поразличен стил од досега што имам пеано, нешто како поп-фолк. Модерен текст, модерна музика и нешто невообичаено. Се надевам дека ќе им се допадне, посебно на младата популација, додава Елена.
Доволно погледнавте од снимките како протече снимањето на спотот повеќе ќе погледнете по целосната негова реализација. Како што напоменува и самата Елена во овојспот има и малку експлицитни сцени какви што досега таа не направила.
