Американската пејачка Бритни Спирс (37) минатата недела престојуваше во психијатриска установа во која сама се пријави бидејќи тешко ја поднесува болеста на својот татко Џејми Спирс (66). Џејми имаше руптура на дебелото црево пред неколку месеци и по операцијата, помина 28 дена во болница. Американските медиуми на почетокот на април објавија дека пејачката се лекува во институција за ментално здравје.
Но, се чини дека Бритни заврши со лекувањето бидејќи американските папараци ја фатија на Велигден како излегува од хотелот „Монтаж“ на Беверли Хилс. Пејачката беше во друштво на 12 години помладото момче Сем Асгари (25), кој постојано ја штити од љубопитните новинари и камери.
Пејачката толку беше погодена од болеста на татко ѝ, што нејзините обожаватели беа изненадени од нејзиниот лош изглед.
„Бритни никогаш не изгледала толку лошо. Се надевам дека набргу ќе закрепне“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.
Во последно време се зборува дека Бритни ќе се пензионира на 20-годишнината од својата кариера поради новата семејна ситуација. Болеста на нејзиниот татко, наводно, ѝ ги отворила очите, па почнала да гледа на работите од друга перспектива и сфатила дека сака да се посвети на мирен семеен живот.
