Имзминатиот период од околу еден месец македонците во далечната Австралија имаа исклучителна можност да се соединат преку македонската песна на едно место со преполните концерти кои ги организираше младинската асоцијација “Никола Карев”.Концертите кои беа исполнети до последно место а се одржуваа ширум цела Австралија, беа со еминентните македонски музички имиња Дамјан Стојаноски, Златко и Влатко Миладиноски. Нивниот престој во оваа далечна земја предизвика вистиски бум, како со песните кои ги изведуваат така и со сето она што тие знаат да го направат на добрите забави и концерти каде што се појавуваат.
Во ексклузивното интервју кое ИН го имаше со трите музички стожери Дамјан, Влатко и Златко истакнуваа дека прекрасно си поминале и ќе понесат топли впечатоци од Австралија.

-Ние се трудиме и да напомнеме дека на нашите концерти се пеат само македонски песни. Сакаме тоа да го продолжиме , да ја ојачаме македонската музика. Нас ни е професија музиката па тоа го правиме најдобро преку музиката. Студент сум на музичката академија во Скопје на отсек соло пеење, при крај сум со студиите, треба да ги завршам и сум пејач на македонска народна музика, истакна Дамјан.
-Оваа туреја е во организација на македонското младинско друштво “Никола Карев” кој што навистина прекрасно ја организираат цела турнеја. Беа прекрасни домаќини, крајно професионални. Се надевам дека и тие се задоволни од на. Група “Пеистер” не пратеа на повеќето концерти. Во Мелбурн имавме некоја комбинација со дел од “Пелистер” дел од “Амадеус”. Сега се надеваме веќе се во завршни, финални разговори договорите за наредна турнеја, кога би била со менаџерот Аце Петровски и македонското младинско друштво “Никола Карев”, истакнува Влатко.

Како што истакна во својата изјава менаџерот Аце Петрески незаборавната турнеја на Дамјан, Влатко и Златко брои вкупно 11 концерти од кои девет се распродадени до последното место, а за напоменување е тоа што само во Мелбурн се одржале пет концерти.
-Оваа турнеја заевме дека ќе биде успешна, но морам да кажам дека навистина сум и јас малку изненаден, иако имам искуство 30 години во вакви турнеи со носење пејачи и играорни групи од секаде од Македонија и секаде во светот. Ова ги надмина сите очекувања. Ова е најуспешна турнеја што ја имаме направено досега. Не само ние “Никола Карев” туку и сите што организираа вакви успешни турнеи. Се одржаа 11 концерти во Австралија, 9 од нив распродадени до последно место. Пет концерти беа само во Мелбурн, четирите беа распродадени до последно место се одржа и пети, тоа беше рекорд. Никогаш не се случило такви концерти да одржиме, два обично, до три ретко до четврт, незнам дали дошло некогаш да се одржи. Овие деца со златни гласови и златни песни дојдоа тука ги преполнија салите и верувам дека така ќе биде и во наредните турнеи, истакнува менаџерот Аце.
Со последниот концерт на Дамјан, Влатко и Златко во Перт кој се одржа викендов и кој исто така беше претходно распродаден, овие наши големи музички великани ги очекуваме да ни дојдат во нашата земја а во прва прилика да бидат екслкузивни гости и во ИН продукција.
