Скоро 22 години живее и работи во Швајцарија а често ја посетува својата родна Македонија но знае да биде гостин и во австралискиот предел. Човекот кој ги отпеа двата големи хитови “Ангела, Ангела” и “Јужна пруга”, Зоран Ванев повторно се враќа на музичката сцена.

-22 години работам таму и така и јас сум на некој начин поврзан со Македонија и многу ми е понекогаш и мене жал и ми е тешко. Работните обврски не ми дозволуваат многу да ја ппосетувам Македонија а родителите секогаш ми биле таму и многу ретко се гледам со нив, единсвено тоа ми е најголемиот проблем, но кога и да посака и сум во можност сигурно ја посетувам и одам дома, истакнува Зоран.
Зоран исто така е многу омилен и пред австралиската публика , каде периодов престојува таму и оставрува неколку концерти кои одлично поминуваат низ песна и дружба со нашинците во оваа далечна земја.
