Како приоритет им се свадбените прослави но свират и на други места како дискотеки, ноќни клубови. Тиквешкиот “Класико бенд ” покрај народниот мелос го негуваат и забавниот, кратко кажано тие нема нешто што не знаат да го отсвират или отпеат.
-Свириме и забавна музика, освен народното го негуваме и забавното. Во иднина да, може да има забавен проект но не би откривале засега. Во план сме за скоро време да издадеме две наши авторски песни, нека остане тоа засега да не откриваме понатаму би требало за скоро да излезе, истакнуваат од бендот.
Во досегашниот музички опстој “Класико бенд” си работат самостојно, но секако се отворени и за соработка со останатите музички имиња од естрадата.
-Ние сме секогаш отворени за соработка со било кој колега, така да нема никаков проблем околу тоа, истакнува Чеде.
Во проектот кој “Класико бенд ” го изработија со ИН продукција опфатени се народни песни посебно од тикевшкиот регион, како и некои малку подзаборавени кавер песни од богатата музичка ризница.
