Како што впрочем најави веднаш по доаѓањето во нашата земја се фати за работа. По се изгледа одморот во топлите краиште на Флорда и беше добродојден како за полнење на батериите така и за зголемување на потенцијалот и енергијата за работа. Имено нашата фолкерка Анета Наковска деновиве ја промовираше својата нова песна која е насловена “Девојка од наши крај” која е со весел ритам.
Анета најавува снимање на видео запис за оваа песна која е авторска со нејзин текст. Помеѓу другото најавува почеток на уште еден нов работен проект , спот за песната “Мојве очи две”, како и уште една нова песна во соработка со Блех оркестар “Кадриеви” која е насловена “Дојди брате”.
Она со што посебно Анета привлече внимание е новиот имиџ кој го пласираше деновиве. Таа ја скрати нејзината коса во Флорида при што сега изгледа многу поубаво и привлечно. Фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи со новиот изглед доби преголеми позитивни критики од своите фанови и обожаватели какои голем број лајкови. Кон позитивните критики се придружуваме и ние со оглед на тоа што навистина Анета во вакво издание изгледа беспрекорно убаво.
