“Екстра бенд” од Битола со нова музичка замисла пред публиката

Please follow and like us:
Pin Share

Направија поголема пауза од музичката сцена, но во ист состав со само еден променет член “Екстра бенд” од Битола најавуваат свое големо враќање на естрадата. Како што појаснуваат таа пауза им била доволна да се реорганизираат и да се посветат токму на она што ќе го понудат во периодов пред својата публика.

-Тоа е кратка пауза за гледачите. Нормално дека не бевме толку многу пласирани на телевизија. Сакавме малку да се повлечиме и да направиме некој новитети, кој што мислиме дека ќе ја подобрат работата на групата. Размисливме и направивме некој новитети. Имаме нова замисла , преработка на некои стари македонски песни. Нормално и нови македонски песни  а тоа нема да биде се. Ќе има и еден проект кој ќе биде посветен на другата музика, односно ќе има позабавен дел, проект со забавни песни, како македонски така и српски. Песни кои што моментално од младите се многу слушани, истакнува Дејан од бендот.

Претходно “Екстра бенд” го имаа и заедничкиот проект изработен со ИН продукција каде во него покрај бендот учевствуваа и добро познати реномирани музички имиња од македонската естрада. Овој проект наиде на позитивна критика од страна на музичката публика.

Please follow and like us:
Pin Share