Иако многупати помислуваме дека животот на јавните личности или оние кои се повеќе јавно се експонирани, било тоа да станува збор за музичка или пак филмска ѕвезда, имаат лесен живот, сепак реалноста е сосема спротивна.
Многупати тие се на удар на јавна критика па дури и на непристојни пораки било тоа да се јавни или пак упатени во нивниот приватен телефон, а понекогаш и до таму да добијат закани.
Она што многупти знаат да го истакнат нашите познати лица или јавни фаци е барањето помош од естрадата во смила на одредена сума финансиски средства, каде во повеќе случаи се даваат тие средства без притоа да се каже јавно како фалба.
Како медиум кој постојано сме опкружени со нашите естрадни уметници честопати сме биле сведоци на повеќе такви случаи каде се помогнало но не сакале тоа д се објави. Токму тоа доведува до констатацијата и помислата да се смета дека естрадата е толку многу богата што може да почасти или да издвои за да помогне и со 30 илјади евра. Таков е случајот со познатиот пејач Благојче Стојаноски Туше кој важи за еден од најскромните пејачи на нашата естрада и кој слободно можеме да кажеме дека помага во многу случаи па дури и на негови колеги од естрадата, но никогаш тоа јавно не го објавил во ниту еден медиум.
Она што деновиве го има на неговиот фејсбук профил се молби за помош на дури 30 илјади евра кои му се бараат од негов обожавател. Со оглед на ситуацијата во нашата земја, оставаме на вас да процените дали некој е во толкава можност за помош или пак се работи за некоја шега.
