Годинава ја отпочнаа со преголеми работни обврски па така и ја продолжуваат. Популарните “Дрим Тим” најавуваат бројни музички новитети и за оваа година. Недомна групата се собра на едно место кај својот колега Сашко Велков, кој годинава за прв пат ја реализираше Балканската инструментална вечер во Кочани. Приликата ја искористивме да дознаеме што работат момците од “Дрим Тим ” во периодов и до каде се нивните музички новитети.
-Имаме со групата многу обврски. Сега снимивме некои видео записи. Тоа е сега приоритетно до крајот на годината, треба да правиме годишен концерт. Треба да правиме “Етно Балкан дел 2”, така што верувајте имаме многу за работа, истакнува Сашко Велков, хармоникаш на групата.
Со своето долгогодишно музичко искуство маестралниот Сашко Велков има оставено зад себе голем музички репертоар. Тој не ја исклучува можноста и најавата за втора Балканска музичка вечер каква што се случи минатиот месец, но следната да биде како што вели во малку проширен состав со повеќе гости и музички колеги од останатите земји.
