Младиот Александар кој е долгогодишен член на “Енерџи бенд” изминатиот период додека беше во Австралија на турнеја заедно со бендот и Ѓоко Јовиќ направи и нов музички производ.
-Во Сиднеј го снимав мојот прв спот за моето прво оро. Орото сеуште нема име но штом ќе добие име ќе бидете благовремено известени. Можам да кажам дека работевме со прекрасна екипа. Тука беше екипата на ИН тв Австралија. Спотот се одвиваше на две локации со една прекрасна екипа која ја поздравувам, додава Александар.
Помеѓу другото Александар во екслкузивното интервју за ИН тв Австралија, ги изнесе и своите позитивни впечатоци од тамошниот престој и реализираната турнеја.
-Морам да кажам ова беше најдолгата турнеја. Сепак беше една од најубавите турнеи, но едвај чекаме и дома да си отидеме. Сепак дома не чекаат најблиските и чувството е прекрасно, истакнува Александар.
Следно што најавува Александар се нови проекти и ора. Во периодов ќе снима две нови ора а во текот на оваа година да издаде и цел албум.
