
Македонската пејачка Анета Молика се пофали на социјалните мрежи дека се возела со хеликоптер летово и како изгледа родната Битла од птичја перспектива.

Пејачката на својот инстаграм-профил објави неколку слики од градот и напиша „Мојата Битола“. Додека летаа, таа се вклучи во живо преку „Инстаграм“ и сподели и 15-минутно видео од летот. Нејзините следбеници им посакаа мирно небо, а некои побараа да им мафне кога ќе лета над нивните куќи.
