Гоце Петрески : Македонија има со што да се гордее

Please follow and like us:
Pin Share

Неговите песни се слушаат до ден-денес, а тој е еден од ретките музичари кој безрезервно со гледачите на емисијата Промо го сподели мислењето за сето она што се случува на македонска сцена. Гоце Петрески, иако е во Австралија, докажа дека следи се што се случува во Македонија.

Естрадниот уметник Гоце Петрески со позитивен став за сето она кое што се случува на македонската музичка сцена, иако веќе долги години живее и работи во Австралија. Тој им е одличен пример на младите музички таленти со тоа што редовно своите фанови ги изненадува со нешто ново, а неговата последно издадена песна “Само ти” за кратко време ја освои публиката. Мислењето Гоце за македонската естрада го кажа во емисијата “Промо”.

-Секако дека има. Ние сме талентиран народ, тоа сите ние го знаеме. Имаме многу талентирани пејачи, музичари, имаме добри студиа во Македонија, но сепак сето тоа треба некако да се организира во еден склоп сето да си функционира како што треба и има простор за подобрување. Убаво е што најглавното-талентот го имаме, но сепак поддршката од медиумите е многу потребна и некои други работи. Продукција која би можела да го поддржи цел проект, сето тоа да се комплетира, убаво е да го имаме тоа.-истакна Гоце, при гостувањето во ИН Продукција.

Убаво е доколку младите ѕвезди го следат примерот на Гоце бидејќи тој има кариера за почит со која опстојува веќе долги години. Следно од него е нов албум со авторски песни, меѓу кои уште еден дует со познатата фолк пејачка Анета Мицевска од група Молика.

Please follow and like us:
Pin Share