Наум Петрески со песна за сите ловци и риболовци

Please follow and like us:
Pin Share

После незаборавната австралиска турнеја и летниот период во кој се одмора на охридско- струшката ривиера фолк легендата Наум Петрески најавува снимање на видео запис за негова нова песна. Како што истакнува Наум песната е стара околу пет месеци но е доста барана и е наменска за сите ловци и риболовци.

-Имам една нова песна, композиција на Цане Петров и од септември ќе почнеме да ја работиме неа. Во октомври на почетокот ќе промовираме нов спот за сите ловци и риболовци. Да ги израдувам сите мои колеги. Направивме еден спот снимавме на кавадаречкото ловиште и на тиквешкото езеро а дел во резиденцијата кај еден мој пријател во Скопје. Многу интересен запис ќе биде, истакнува Наум.

Инаку летниот период Наум одмара во својот роден крај, а од есен се враќа назад во Скопје со своите работни обврски.

Please follow and like us:
Pin Share