
Оливера Василевска, швеѓанката со македонско потекло, ја најавува својата прва голема австралиска турнеја. Оливера изминативе години живее и работи во Шведска а е по потекло од нашата земја. Таа во Шведска покрај тоа што студира на стоматолошки факултет, работи и твори македонска музика. Зад себе има голем опус на испенаи македонски песни. Всушност поектот на Оливера е во соработка со групата “Тандеми” кои го свират а станува збор за седум песни,од кои пет се македонски и две српски.
-Станува збор за седум кавер песни. Две српски и пет македонски. “Не знам шта си туго моја”, “Тешко је кад неког волиш”, “Едно малој моме”, “Бог да бие Русе”, “Да ми пукнеш мила мамо”, “Каде после мене” од Благица Павловска, “Моме моли Бога”, истакнува Оливера.
Заедичкиот проект е изведен во живо каде музиката ја свират токму “Тандеми” а изведната на песните е од страна на Оливера.
-Сакав некои песни што не се многу испеани. Сакав нешто ново од мене да слушнат слушателите и публиката, додава Оливера.

Инаку покрај бројните испеани песни кои зад себе ги има Оливера, таа има и една авторска песна “Ти си за мене” која е доста барана и се пее на бројни веселби како тука во нашата земја така и во далечната Австралија. Неодамна Оливера во соработка со ИН продукција реализираше и професионална фотосесија во која блесна со сиот свој сјај и потенцијал која оваа млада македонка го има во себе.
