Рики Мартин вели дека обожава да го минува времето во разговори со својот сопруг за животот и за разни егзистенцијални прашања.

Рики Мартин и Џуан Јосеф стапија во брак на интимна церемонија на почетокот од годината, а сега уживаат на јахта на романтичен одмор на Сардинија, Италија.
46-годишниот музичар облечен во сини шорцеви покажа дека е во одлична форма. Се сончаше и се разладуваше со скокање од јахтата.
Инаку, парот се запознал преку Инстаграм, 6 месеци само разменувале пораки, а дури потоа се виделе и започнале да се состануваат од 2016 година. Рики вели дека уште на првата средба со Џуан знаел дека ќе стапи во брак со него.

