Спасе Матлијоски својата прва песна ја снимил на 18 години

Please follow and like us:
Pin Share

Долго време е застапен на македонската музичка сцена, младиот стружанец Спасе Матлиоски како што истакнува својата прва песна ја снимил на свои 18 години, па ја промовирал по локалните медиуми.

-Поминаа доста години. Првата песна ја снимив на свои 18 години, сега веќе имам 31, така да поминале 12 години. Со првата песна не излегов на фестивал, ја промовирав по телевизиите, по локалните. “Каде сега срце мое” се вика првата песна. Со наредните песни почнав да се појавувам по фестивалите, додека фатив подобри времиња. Тогаш нашите фестивали беа подобри и погледани. Во времето кога студирав во Скопје на музичката академија , почнавме да свириме и со група, каде настапивме заедно на два, три фестивали. Потоа продолжив соло да снимам песни, истакнува Спасе.

Своите 12 години на македонската музичка естрада Спасе си бележи и со бројни хитовски рефрени, песни со кои стана повеќе препознатлив пред македонската публика. Токму поради тоа важи и за еден од доста бараните македонски пејачи на бројните народни веселби и слави особено во охридско-струшкиот регион.

Please follow and like us:
Pin Share