
Својата долгогодишна музичка кариера ја бележи пред 25 години кога се појави на сцената со кавал и ја маркираше својата насока во музичката фолк сцена. Благоја Грујовски остави траен белег особено на сцената каде првите свои настапи ги бележеше токму со овој инструмент.
-Тоа беше мој прв настап со “Мераклии” на “Цветници” и некако тоа кавалче стана мој имиџ и остана да го користам и понатаму и во други песни и на живите настапи. Мене ме прашуваат дали го носиш. Не само што го носам туку не одам без него , истакнува Благоја.
Со сета таа новина која ја внесе Благоја пред дваесетина години, на некој начин го промени правецот во народната музика.

-Македонската музика не е многу променета, променети се околностите во кој егзистира таа музика. Тогаш некој услови беа многу поповолни. Речиси секој што се појави тогаш на таа сцена стана познат затоа што немаше многу медиумска конкуренција. Немаше интернет, немаше сателитски телевизии, немаше кабелска телевизија, постоеше само МРТ, ништо друго. Се што се правеше на музички план одеше на таа телевизија и сите го гледаа, вели Благоја.
Сепак со развојот на технологијата , како што вели Благоја се јавува поголема конкуренција и поголеми барања во поглед на музиката. Периодов кој следува Благоја е со бројни работни ангажмани насекаде низ нашата земја.
