Анета Арсовска 2017-та година ја пречека далеку од својот дом, на турнеја во Канада каде како што вели си поминала прекрасно. Годинава ја одбележале голем број настапи, како и три нови песни. За 2018-та покрај многуте планови е и снимањето на спот за песната “Стоп”.

Годината и започна со голема турнеја во Канада. Пејачката Анета Арсовска истакна дека 2017-та година била преполна со настапи и доста успешна.
-Прекрасно си поминав нели како велат.. По утрото денот се познава. Новогодишните и божиќните празници ги пречекав далеку од својот дом во Канада, прекрасно си поминав од самиот почеток на годината, потоа следуваа уште многу настапи низ Европа за нашите македонци коишто организираа забави.-вели Арсовска.

Покрај големиот број ангажмани и настапи во земјава и странство, Анета сними и три песни како и спот за песната “На два дела”.
-Бев и многу вредна, снимив три нови песни, “Мори чупи Костурчанки”, изворна македонска песна од Егејскиот дел на Македонија, песната “Стоп” која е модерен поп-фолк и кон почетокот на летото песната “На два дела” којашто е со печалбарска тематика снимив и спот со ИН Продукција. Првиот спот беше за песната “Феномен”, меѓутоа тука не застанувам секако соработката продолжува и понатаму со исто темпо.-додава пејачката.
Во однос на музички план за наредната година има доста планови. Како еден од нив е и снимање на спот за песната “Стоп”, којшто ќе биде повторно во соработка со ИН Продукција.
