На 20 февруари наполни 18 години а на 5 март, за прв пат застана и на фестивалската сцена. Финалистот од втората сезона на македонското талент шоу, ресенчанецот Благојче Тодоровски дебитираше на овогодинешното издание на Роса Фест. Со песната насловена како ” Нема 3, нема една” ја имаше честа да го отвоти 24 -тото издание на РОСА. Музиката е дело на Бојан Здравески , попознат како “Здраве Мјузик” кој и лани и оваа сезона е дел од оркестарот на шоуто , а годинава ја има и улогата на раководител на истиот. Аранжманот го направи заедно со Славко Ристески во чие студио се снимаше песната. Автор на текстот е Анита Даева, водителката на талент шоуто која песната на Тодоровски му ја подари за неговиот 18 роденден. Саксофонист е 18 годишниот Дарко Здравески (Здраве Мјузик) , а ритам тапаните ги слушаме од Горан Андреевски . Песната ” Нема 3, нема една” е весела која крева, а аплаузот кој Благојче го доби во Домот на АРМ каде се одржуваше фестивалот е само потврда дека веднаш е примена кај слушателите што се вели од прва. Тој е презадоволен од неговиот настап . За “Естрада плус” го изјави следното: “Како да сонувам и убаво ми е, пресреќен сум што имав можност на мои 18 да застанам на иста сцена со пеачи кои сум ги слушал како дете на кои и денес им се восхитувам, уметници кои зад себе имаат години работа, недоброј настапи и многу хитови. Од моментот кога ми ја примија песната на РОСА не знаев што да направам од радост. Со нетрпение го чекав 5 март и моето прво фестивалско појавување. Ја почувствував публиката и мислев дека сонувам додека пеев. Песната ми се погоди ептен. Најголема благодарност до Анита и Бојан што ми ја направија песната . Подарок за мојот 18 роденден од Анита која ми дава подршка со целото срце , за се. Фала им на Дарко и Горан за нивниот инструментален дел во песната и на Славко Ростески кој го направи конечниот пакет. И секако на моето семејство кое знае дека песната е моето второ јас, мојот живот “. Знам дека сум млад и морам да работам, работам и пак да работам со часови денови да бидам од ден во ден се подобар и подобар тоа го правам секојдневно.И ме радува довербата од луѓето кои заедно со “Здраве Мјузик” не ангажираат за различен тип на забави и свирки ” На Тодоровски ова му е трета снимена песна по финалето од втората сезона на македонскоти талент шоу кое беше лани во јули. До сега ги сними “Заљубен и збунет” и дуетот со Елена Јовческа “Заплачи Македонијо” за кои ИН продукција ги работеше спотовите.

