„Јас сум војник на својата држава. Благодарен сум на семејството и на Господ што љубовта кон мојата земја можам да ја покажам на начин на кој најубаво умеам, работејќи ја работата што најмногу ја сакам. Сите признанија шти ви ги носат клубовите одат на една страна. Парите? Парите се трошат. Герфлор и светлосните ефекти од светските арени се пакуваат во камиони уште истата вечер. Се она што сте го дале и добиле од својот народ, е многу повеќе. Чувството дека некого сте го правеле среќен толку години, што сте им го разубавиле животот макар за момент или два, тоа не се опишува и затоа нема ни да пробувам“, вели Лазаров во својата автобиографска книга „Секогаш на победа“.
