ГОЛЕМА ТАГА: На Кристијано Роналдо му почина синот!

Please follow and like us:
Pin Share

Кристијано Роналдо во моментот на радост ја соопшти и трагичната вест. Кристијано на Инстаграм соопшти дека неговата сопруга Георгина родила близнаци, женското бебе е здраво, а машкото починало.

Роналдо на својот Инстаграм профил објави дека едно дете од близначката бременост на Георгина Родригез починало!

Според зборовите на португалскиот фудбалер, момчето кое го носела неговата сопруга е родено мртво, додека во овие моменти тоа што раѓањето на девојчето поминало добро им дава сила да издржат.

– Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето момче. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на девојчето ни дава сила да го живееме овој момент со малку надеж и среќа. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка што е обезбедена. Во моментов бараме и мир и приватност, напиша Кристијано на Инстаграм.

Легендарниот фудбалер додаде уште две многу болни реченици.

„Наше момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, стои на крајот од пораката.

Please follow and like us:
Pin Share