
Иако се релативно кратко време на македонската музичка сцена, момците од групата “Респекти” сепак оставаат длабока трага во неа. Нивното пет годишно активно присуство во музиката го имаат буквално насекаде низ сите нивни бројни настапи во нашата земја.
-Сакаме што повеќе да ја пласираме македонската музика, но колку ни дозволува смата популарност и популација, бидејќи тие милуваат буквално се од балканската музика и ние не свириме само македонско, свириме и забавно , екс-ју, буквално се. Сето она што е барано од страна на публиката, вели фронтменот на “Респекти”, Даниел Сидовски.
“Респекти” не ја исклучуваат можноста за турнеја надвор од нашата земја, особено по завршувањето на летниот период.
-Сме во преговори , ќе речам поздрав до менаџерите од странство, оние што се задолжени за да ги однесат музичките групи. Вистински погодок се група “Респекти”. Можеби досега чекале, сепак имаат предност некои момци, повозрасни, поискусни од нас, иако ние веќе достигаме некоја популарност. Се надеваме дека до крајот на годинава ќе има нешто. Не откриваме со кого , што , како , бидејќи има некои ситуации кои мора да се задскријат. Голема е конкуренцијата, сите се бориме за своето парче леб иако сме колегијални, додава Даниел.
Неодамна групата “Респекти” сними неколку кавер верзии на македонски народни и забавни песни како и добропознати екс-ју хитови. Воедно, најавуваат и свој нов албум во македонската музика.
