Роби Вилијамс доби шокантен подарок од сопругата!

Please follow and like us:
Pin Share

Роби Вилијамс за годишнината од бракот добил шокантен подарок од сопругата. Ајда му купила плантажа со марихуана за тој да има кога и да посака.

Британскиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда се во брак од 2010 година, а за годишнината од бракот познатата актерка одлучила да го израдува сопругот со подарок кој веројатно ќе му биде доста драг.

Имено, Ајда за годишнина, на својот сопруг му купила плантажа со марихуана, односно, таа ја поставила во подрумот во нивниот дом во Лос Анџелес, за тој да има кога и да посака.

Инаку, пред неколку години пејачот се лечеше од зависност од тешки дроги и алкохол, а се пишуваше дека во лекувањето му помогнала токму сопругата, пишува Дејли мејл.

Please follow and like us:
Pin Share