Фолкерот Мирослав Илиќ открил колку пари му се потребни на месечно ниво за да води пристоен живот.

– Не сакам да се фалам со такви работи. Отсекогаш сум презирал авиони, камиони, јахти… Нема потреба никој да влегува во туѓиот џеб, рекол Мирослав и додал: – За сите овие години работев и заработив. Колку и да ни дадеш секогаш ќе ни е малку. За моите потребни доволни ми се околу 3000 евра месечни и да не мислиш на зима. Додека платиш ова – она, купиш ова – она, ти останува за пристоен живот.
Мирослав неодамна ги поткачи колегите кои заради состојбата со пандемијата немаат работа и кукаат и бараат помош.
– Сите трпиме. А на оние што најмногу се бунат би сакал да им ги видам даночните пријави, истакна тогаш фолкерот.
