Дознајте !!! Дали фронтменот на група Респекти, Даниел Сидовски, верува во Дедо Мраз? И кое е неговото мислење за овој познат лик?!

Дел од снимањето на Новогодишното шоу во ИН ТВ беа група Респекти заедни со фронтменот Даниел Сидовски.
Со оглед на тоа што се ближат Новогодишните и Божикни празници, а тој период не асоцира пред се на убава и топла домашна атмосфера, снег, но и на познатиот Дедо Мраз, ја искористивме приликата да го запрашаме пејачот дали како дете верувал во Дедо Мраз и дали можеби сеуште верува дека тој лик постои?!
Еве што одговори Даниел за естрадниот магазин Естрада плус.
-Би сакал да кажам дека не случајно е измислено тоа, не случајно е направено да постои како лик во денешно време, па дали не лажеле како мали или не, некаде постои тој Дедо Мраз. Еве ќе откријам нешто. Јас во 2012-та година бев во Финска, живеев таму на само 200 км од Лапонија, значи каде што живее Дедо Мраз. Не отидов таму бидејќи е преладно, каде што бев јас дневна температура беше -20. На дечињата би им кажал да веруваат во Дедо Мраз бидејќи и јас верував и сеуште мислам дека тој човек некаде е заскриен во ноќите. Ете живееме со некои убави визии и илузии каде што не исполнува сето тоа. Сепак, веруваш во Дедо Мраз, ти се случува нешто позитивно и тоа го пласираш низ целиот ден па си позитивен и насмеан. Така да, растете со Дедо Мраз бидејќи постои.-истакна Сидовски, во интервјуто за ИН ТВ.

Даниел на гледачите на Естрада плус им посакува пред се, здравје бидејќи тоа во моментов најмногу им треба и како што вели да бидат насмеани, затоа што насмевката кажува се.
