Повеќето музичари од македонската естрада за Естрада плус изјавија дека сакаат што поскоро да ја заборават оваа 2020-та година која е пропадната година за нив.

Меѓу нив е и пејачката Слаѓана Столеска која што вели дека коронавирусот направи сите да останат дома и да престанат со работа, но и уште пострашен е фактот што доста луѓе се борат за нивните животи.
Покрај по корона кризата, Столеска годинава ќе ја памети и по нешто добро, а тоа е нејзината нова песна со печалбарска тематика “Пуста да е мајко туѓината” за која што сними и спот со ИН Продукција.
-2020-та година ќе ја паметам по повеќе работи, не знам дали да почнам од лошото или доброто. На глобално ниво со пандемијата, коронавирусот направи да останеме дома и да немаме работа за жал, направи голем дел од народот да се бори за својот живот што е навистина жалосно и страшно, поради тоа би сакала што побрзо да се заборави оваа 2020-та. Да посакам да биде наредната се поубаво и подобро, да нема вакви лоши работи, да бидат луѓето едноставно среќни и опуштени затоа што ова премногу влијае психички на народот и навистина по тоа генерално е опишана оваа 2020-та година. Јас на работно поле направив еден прекрасен спот и една преубава песна заедно со ИН Продукција, мислам дека гледачите веќе го погледнаа спотот затоа што и доста беше промовирана песната периодов и презадоволна сум.-изјави Столеска за гледачите на ИН ТВ.

Таа вели дека нејзините планови биле да направи уште поголема промоција на песната и спотот, но поради ситуацијата со корона кризата не успеала во тоа.
Слаѓана искрено се надева дека 2021-ва година ќе биде многу поуспешна, како за нив музичарите, така и за сите луѓе низ светот.
