АДИЛ со емотивна порака се простил од Џеј: ПРОСТИ МИ што предолго бев лут на тебе

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот Адил Максутовиќ, зет на починатиот Џеј Рамадановски, се простил од него со емотивна порака на социјалната мрежа Инстаграм.

Адил во таа порака споменал дека тие двајца не разговарале со години наназад, како и тоа дека бил лут на Џеј иако никогаш не се скарале.

“Стари мој, беше најмузикалниот човек кого сум го познавал, пејач со најголема душа… Додека другите плачеа или се веселеа со твоите песни, јас целосно обземен ја впивав секоја твоја отпеана фраза, ти тоа волшебно  го правеше… Собрав се што ми дозволи… Ти благодарам. Знам дека се измори, но веќе им недостасуваш на сите. На твоите деца најмногу. Не радува фактот дека последниот ден од својот живот го помина со семејството… со твоите внуци… не ни насетувавме дека ти е последен. Сакан Џеј, никогаш не се скаравме, а со години не разговаравме. Прости ми што предолго бев лут на тебе. Оној горниот сакал вака да се разделиме. Барем уште некоја година да поживееше. И да седнеме ти и јас. Да ти ја запеам “Сајбија“. Да се прегрнеме… исплачеме“, напишал Адил.

“Џеј Рамадановски му простил се на зетот Адил пред смртта. Тој седум години не разговарал со Адил, бидејќи наводно ја претепал неговата ќерка Ана додека била бремена“, рекол Зоран Јагодиќ Руле близок соработник на Џеј.

Please follow and like us:
Pin Share