“Новата јас” е новата хит балада на Стојне Николова

Please follow and like us:
Pin Share

“Новата јас” е новата хит балада на една од најпознатите македонски пејачки, Стојне Николова. Песната беше отпеана на годинешното издание на фестивалот Роса Фест, како и на Новогодишното шоу на Сателитската ИН Телевизија.

 

Македонската џебна Венера, Стојне Николова има нова хит балада која што е насловена “Новата јас”. Станува збор за одлична песна работена со врвни професионални, преку која што испраќа и моќна порака до женската популација.

Еве што истакна таа за естрадниот магазин Естрада плус.

-Настапив на Роса Фест, песната се вика Новата јас” една преубава балада. За музиката се погрижи Бобан Мојсовски со моја помош, текстот е на Надица Гошева, а аранжманот е на Бобан, снимена е во студиото Анастасија. Таа дефинитивно го зазема првото место во моите омилени песни. Се надевам дека и публиката ќе ја прифати и ќе ја пееме на настапи, ќе уживаме. Инаку, станува збор за една веќе оставена жена, која го изневерила на некој начин својот љубен. Во моментот кога била со него, не знаела колку го сака, не знаела да го цени, но потоа откако тој ја остава таа сфаќа дека не може без него и бара да и се врати и да и даде шанса, ветува дека ќе биде нова, затоа и ја нарековме песната “Новата јас”. Не грешат само мажите, грешиме и ние жените, секогаш треба да се покаеме за тие грешки и да учиме од нив.-истакна Николова во интервју за ИН ТВ.

Песната “Новата јас” Стојне ја отпеа и на Новогодишното шоу на Сателитската ИН Телевизија, па во оваа балада ќе имаат можност да уживаат сите Македонци, каде и да се наоѓаат низ светот.

Please follow and like us:
Pin Share