Стјепан Хаусер проговори за емотивниот живот

Please follow and like us:
Pin Share

Хрватскиот музичар Стјепан Хаусер на Инстаграм одговараше прашања за неговиот емотивен живот и откри дека три години е сам.

Тој многу не зборува за својот емотивен живот, но овојпат одлучи да си ја отвори душата за своите следбеници на социјалните мрежи.

Кога фановите го прашаа дали има девојка, тој одговори:

„Не, мојата последна врска заврши пред три години и оттогаш сум сам“, вели Хаусер.

Веќе е познато дека музичарот до 2017 година беше во врска со Јелена Розга. Нивната емотивна врска траеше две и пол години, а дури беа и свршени.

Следбениците го прашаа дали сака да ја најде вистинската љубов или да остане слободен за сите жени, а тој одговори:

„Ако некој посебен влезе во мојот живот, тоа може да се промени“, заклучи музичарот.

Потсетуваме, се шпекулираше дека Стјепан се забавувал со пијанистката Лола Астанова, но овие тврдења не испаднаа точни.

Please follow and like us:
Pin Share