
Во сабота на сцената на македонското талент шоу ќе блеснат уште четири деца кои ќе ја донесат музиката на Македонија со сета своја енергија, жар и љубов. Талентирани , импресионирани од песната на својот род, горди чувари на традицијата пренесена преку глас и звук на изворните инструменти.Ова е генералниот впечаток од настапот на младите Матеа Цветкоска од Прилеп, Теодор Николовски
Ѓорѓи Терзијевски, Огнен Радуловиќ од Битола и Даниел Рунчески од Ресен. Некој послободен на сцена, некој со тремата како товар и грч, најважно, македонските песни и ора ги знаат наизуст. Елена Јовческа и Јовица Каралиевски како жири односно оценувачи и советувачи , претставувањето на децата го проследија со максимално внимание. Тие им ја посочија и најситната грешка , одбирајќи ги вистинските зборови со кои дечињата ги охрабруваат и најискрено ги корегираат за уште подобро да пеат и да се ослободат на сцена. ИН Продукција од оваа трета сезона им даде можност на најмалите , кои паралелно настапуваат со возрасните но во посебна категотија.Тоа значи тие ќе имаат свои кругови и финале независно од финалето на постарите учесници. Како што дознаваме од Ване Петкоски првиот човек на продукцијата и уредник на шоуто , за финалето на децата продукцијата има одлична идеја која ќе ја реализира најпрофесионално, нешто што досега не е направено со толку мали “пеачи”. Оваа емисија беше последната од првиот круг за децата, а премиерата ја гледаме во сабота на ИН ТВ, потоа на националната ТВ Сонце и на сите регионални ТВ станици.




