Се снимаше новогодишно издание на македонското талент шоу

Please follow and like us:
Pin Share

Како по традиција и за оваа нова година ИН продукција во македонското талент шоу за новогодишната емисија ги има ланските финалисти. Нема да се емитува редовна емисија во вообичаениот термин со натпреварувачи, туку специјална новогодишна . Ако лани ИН продукција ги покани финалистите од првата сезона и направи одлична новогодишна емисија, оваа сабота ќе ги видиме најдобрите од втората сезона.

Победничката Сијче Трајкова, второ наградениот од жирито и од публиката Теодор Богојевски , Борче Бегоски кој доби специална награда .

На снимањето со своја песна и добра енергија беа и Благојче Тодоровски, Ѓоко Чеменкоски, Кристијат Петровски, Немања Денчиќ , Благица Велјаноска, Нурбен Шерифоски, Нурим Фератоски, Дејан Стојаноски , Емилија Крстевска, Андреј Грковски, Ангел Димитриоски.Секако задолжително беше и групата која е дел од третата сезона на македонското талент шоу “Охриѓанчиња” предводени од хармоникашот Бојан Здравески, во неа се и Дарко Здравески, Стефан Чеменкоски и Кристијан Јованоски.

Со својата младост и талент за пеење ќе ја развеселат публиката со најубавите песни, нашите македонски. Водител е Анита Даева која е во шоуто од втората сезона. Оваа емисија можете премиерно да ја видите во сабота на 30 декември на фрекфенцијата на сателитската австралиска ИН ТВ, единствен музички канал кој емитува 100% македонскки песни .

Please follow and like us:
Pin Share