Од возач во РТВ Скопје до великан на Македонската песна!

Please follow and like us:
Pin Share

Штом ги чуете легендарните: Отвори го пенџерчето; Градел Илија манастир; Селвие Сенѓузел; Една Мома, Баба Грбаба….веднаш знаете за кој изведувач станува збор, тоа е нашиот, единствен, незаборавен, Мирко Митревски.

Енергичен, лефтерен, како младич на сцената ! Настапи, турнеи, изведби, златни години…

Сите негови песни се енергични, весели, возбудливи!

За неговата преголема љубов со неговата Миркојца (Иванка) се зборувало долго…од бракот изродиле три деца…Негов единствен наследник е внуката, Ивона…

Откако неговата сопруга во 1997та заминува од овој свет, Мирко наполно се изменил, од оној весел и чешит човек кој сите го знаеле, тој почнал постојано да тихува, да тагува, да биде отсутен…така по некоја година и тој му се придружува на сопругата на свои 62 години.

Сите негови колеги меѓу кои Војо Стојановски, Блага Петреска имаа да кажат само убави и пофални зборови за Мирко, колку бил скромен, чесен, добар, праведен кон сите свои колеги, но и многу весел по дух!

Роден е 1939та во Требиште.

Вечна слава и вечен незаборав! 🖤⚘ Види помалку

Please follow and like us:
Pin Share