Пејачката не се срами што е од село – еве како се појави пред своите СОСЕЛАНИ, горат социјалните мрежи од ова опасно издание!

Please follow and like us:
Pin Share

Мантил фустанот на кралицата на фолк музиката ќе биде еден од водечките трендови оваа есен.

Познатата пејачка Драгана Мирковиќ привлече големо внимание со своето последно издание на Инстаграм.

Таа посебно ги воодушеви љубителките на модата и покажа дека би можела да ја носи и титулата стилска кралица.

Имено по бројните успешни концерти што Мирковиќ ги имаше во последните неколку месеци таа се врати во своето родно село Касидол, па за попладневната прошетка избра фустан со кој ги воодушеви бројните фанови на Инстаграм.

Таа низ своето село се прошета во преубав мантил фустан од тексас за кој сега зборуваат сите.

Во прашање е креација со „макси“ должина на закопчување која совршено го истакна телото на пејачката, додека половината дополнително ја нагласи со лежерен појас.
Драгана најавувајќи го новиот есенски тренд се прошета низ улиците на Касидол со насмевка на лицето.

Имено, според мислењето на модните гуруа, фустанот што го носи Драгана Мирковиќ ќе биде еден од клучните модели во преодниот период што е пред нас.

„Плива“ во пари, а е скромна жена 

Инаку, Драгана важи за една од најбогатите пејачки на целиот Балкан, чие богатство неодамна еден странски медиум го процени на преку 30 милиони долари.

Прво бев изненадена што знаат дури и за нашите ѕвезди и дека воопшто се занимаваат со тоа. Тоа е проценка на вредноста на целата кариера на една личност. Тоа за мене е комплимент на некој начин“ изјави Драгана и додаде:

„Искрено се надевам дека не предизвикувам љубомора, јас тоа не го почувствував. Јас и Тони сме луѓе кои само можеме да им помогнеме на нашите колеги. Кога мојот пријател е помоќен од мене и има повеќе, јас сум пресреќна и горда, прекрасно е да се има некој таков, а можеби и еден ден, не дај Боже, како бекап“.
Please follow and like us:
Pin Share