(ФОТО) Голема радост за Македонците во Австралија: Трио пејачи со најава за дружба после три години

Please follow and like us:
Pin Share

Несоменено Влатко Миладиноски важи за еден од најбараните и најпознати фолк пејачки кај нас. Влатко по неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во странство.

Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.

Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.

Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.

„Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна“, изјави тој во една прилика.

„ТУРНЕА ВО АВСТРАЛИЈА Долго очекуваната турнеа во Австралија,после три години, на триото Влатко, Дамјан и Златко ќе се случи во Ноември и Декември месец оваа година…

Да ги повториме средбите и дружењата со сите наши ширум Австралија….Здравје живот, се гледаме…“, напиша тој.

Please follow and like us:
Pin Share