Новак Ѓоковиќ пред неколку месеци, додека чекаше дозвола од Австралија да се натпреварува на Австралискиот Опен, беше затворен во хотелот мигранти.
Мигрантите кои го дочекаа Ѓоковиќ таму беа со години затворени во хотелот пред доаѓањето на првиот тенисер, и како што објавија медиумите во Австралија, сега мигрантите се ослободени од хотелскиот имиграциски притвор во Мелбурн.
Во тој центар, хотел “Парк”, Новак Ѓоковиќ беше затворен заедно со мигранти во притвор во кој некои од нив таму се затворени до девет години. Сега се ослободени осум мигранти кои имаат право на движење додека не им се реши статусот за времен мингрантски престој во Аавстралија
Танус Селварас, еден од оние кои се ослободени, не крие дека е среќен поради.
“Ова е победа не само за нас, туку за сите оние кои се бореа за нашата слобода”, рече тој за австралиските СБС.
Случајот на овие мигранти стана познат во јавноста дури откако Австралијците го уапсија тенисерот Новак Ѓоковиќ и го сместија во центарот. Во јануари, австралиските власти му ја укинаа визата, бидејќи не бил вакциниран против Коронавирус. Неговата виза ја укина министерот за имиграција Алекс Хок повикувајќи се на свое, дискреционо право, лично да одлучува за тоа иако пртеходно судот реши дека законот е на страна на Новак Ѓоковиќ.
Некои од ослободените мигранти му се заблагодарија на Ѓоковиќ затоа што го објавил и прикажал нивниот проблем пред најшироката светска јавност. Новак зборуваше за мигрантите и во своето интервју за Би-Би-Си:
– Некои се таму затворени со години. Девет години, дури и некои бегалци! Јас дефинитивно сакав да се сретнам со нив, но не добив во шанса, не ми беше дозволено да ја напуштам мојата соба. Но, светот во таа прилика дозна за нив и нивните случаи стана глобален проблем. Тоа беше неверојатно емотивен момент за мене, доаѓам од земјата што имаше многу бегалци бидејќи многу луѓе за време на војната во Југославија и ембаргото ги загубија своите домови. Така што ми беше јасно со што се соочуваат луѓето во центарот за имиграција на Мелбурн. Моето страдање не беше ништо наспроти тоа. Не беше лесно, но искуството беше многу корисно, изјави Новак Ѓоковиќ пред неколку месеци во своето интервју за британската телевизија БиБиСи.
Докторот Грејам Том, советник во Амнести Интернешнел од Австралија, вели дека затворените луѓе поминале во центарот многу трауми за годините во притвор.
“Три месеци светските медиуми го следеа Новак Ѓоковиќ и неговот напуштање на притворот во хотелот Парк, вниманието на проблемот стана глобално, а сега мигрантите кои беа затворени со години, конечно се слободни. Жално е што со години се затворени непотребно во хотелите во Австралија.
Али Мехди, кој е затворен најдолго, дури девет години, конечно ја дочека својата слобода.
– Сободен сум да ја напуштам Австралија и да го започнувам мојот живот во САД. Но, јас нема да бидам среќен додека сите мои пријатели не излезат од притвор. Ви благодариме за поддршката “.
